Димитриеска-Кочоска од Вашингтон: Макроекономската стабилност останува приоритет

April 17, 2026
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, остварила средба со извршниот директор на Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, за време на нејзиниот престој во Вашингтон, каде разговарале за економските политики и реформските процеси во земјава.

Како што информира Димитриеска-Кочоска, главен приоритет на Владата останува зачувувањето на макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии, како предуслов за забрзан и одржлив економски раст.

Таа истакнала дека институциите се посветени на фискална консолидација, подобрување на дисциплината во управувањето со јавните средства, како и одржување на високо ниво на капитални инвестиции со цел поддршка на економијата.

 

Воедно, министерката нагласила дека внимателно се следат глобалните економски предизвици, со цел навремено да се одговори на потенцијалните ризици.

Димитриеска-Кочоска посочила дека поддршката од ММФ има значајна улога во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети, додавајќи дека крајната цел е создавање стабилна економија која ќе обезбеди сигурност за граѓаните и предвидлива деловна средина за бизнисот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

LSDM: A i ka përgatitur qeveria e Mickoskit dokumentet për ekstradimin e Gruevskit?

Следно

Коњановски: Продолжуваме со инвестиции во сообраќајната инфраструктура во Битола

Latest from Blog

Wolt пристигна и во Битола

Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и производи преку Wolt, со специјална промотивна понуда за новите корисници и настан по повод лансирањето.  Wolt, технолошката платформа позната по

Коњановски: Продолжуваме со инвестиции во сообраќајната инфраструктура во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека во градот се обезбедуваат нови паркинг простори, со што продолжуваат активностите за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на секојдневието на граѓаните. Во изминатиот период,
Go toTop