Wolt пристигна и во Битола

April 17, 2026
1 min read

Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и производи преку Wolt, со специјална промотивна понуда за новите корисници и настан по повод лансирањето. 

Wolt, технолошката платформа позната по брза и едноставна достава, официјално се шири и во Битола. Ова проширување доаѓа една година по официјалното лансирање на Wolt во Македонија, каде што досега услугата беше достапна исклучиво во Скопје. Со ова проширување, жителите на градот добиваат уште поудобен пристап до своите омилени локални понуди, директно преку апликацијата Wolt.

Во Битола, сите нови корисници можат да уживаат во 30% попуст на првите две нарачки, како и 14 дена бесплатна достава. Целта е да им се даде можност уште од самиот почеток да ја испробаат платформата и да ја искусат едноставната, секојдневна практичност што ја нуди Wolt, поддржана од добар избор на локални ресторани и малопродажни партнери кои веќе се достапни во градот, заедно со низа одлични попусти и промоции. Корисниците можат да имаат придобивки и од Wolt+, претплатничката услуга на платформата, која нуди пониски трошоци за достава и дополнителни поволности дизајнирани да ја зголемат вкупната вредност за корисниците.

 

Почнувањето со работа ќе биде одбележано и со јавен настан во Јагода мезе бар, во сабота на 18 април од 12.00 до 16.00 часот, каде посетителите ќе можат да уживаат во пијалаци и закуски, како и во дополнителни изненадувања. Во рамки на настанот ќе биде организирано и „тркало на среќата“, преку кое корисниците што ќе ја преземат или веќе ја имаат инсталирано апликацијата ќе можат да освојат Wolt подароци.

 

Со доаѓањето во Битола, Wolt отвора нови можности за локалните бизниси, овозможувајќи им пристап до поширока база на корисници и дополнителен дигитален канал за раст. Воедно, создава и флексибилни можности за заработка за сите оние кои избираат да работат според сопствени услови, додека истовремено придонесува за поголема удобност во секојдневието на жителите.

„Возбудени сме што го носиме Wolt во Битола и што го продолжуваме нашиот раст во Македонија,“ изјави Огњен Љумовиќ, одговорен за продажба и бизнис лидер за Македонија во Wolt. „Со добар избор на локални ресторани и трговци, го правиме секојдневието поедноставно за жителите, а воедно создаваме нови можности за локалните бизниси и за луѓето кои бараат флексибилни начини за заработка.“

Ова проширување е дел од пошироките планови на Wolt за натамошен раст на пазарот, а компанијата најавува дека во следните недели ќе продолжи да ја шири својата мрежа и во други средини.

За Wolt

Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, чија мисија е да донесе радост, едноставност и можности за заработка во секојдневието на локалните заедници. Wolt развива платформа за локална трговија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи, со луѓе и бизниси што се подготвени да ги продаваат и доставуваат. Компанијата е основана во 2014 година и во 2022 година ѝ се придружи на DoorDash (NASDAQ: DASH). Во 2025 година, DoorDash ја стекна и Deliveroo, дополнително проширувајќи го своето глобално присуство. Денес, заедно оперираме во повеќе од 30 земји. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницатана Wolt.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола домаќин на врвни џез уметници од девет земји

Следно

Bastisje në Kërçovë, gjenden armë dhe municione, ndalohet një person

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop