Девојче спасено од урнатините 150 часа по земјотресите што ги потресоа јужните делови на Туркије

1 min read

ХАТАЈ (АА) – Девојче е спасено од урнатините на зграда во турската област Хатај, дури 150 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го потресоа јужниот дел на Туркије, известува Анадолу.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, објави снимка од девојче кое живо е извлечено од урнатините во спасувачка акција, со пораката: „Секогаш има надеж“.

Припадниците на спасувачките екипи го извлекоа девојчето од урнатините на зграда во Хатај, една од десетте области во Туркије што се погодени од разорните земјотреси.

На видеоснимката може да се чуе разговорот на девојчето со здравствените работници додека ја носат на носила. Може да се забележи како девојчето се тресело од студ.

Спасителите потоа го славеле извлекувањето на девојчето.

„Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617“, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.

Од подрачјето погодено од земјотресот во други делови на земјата евакуирани се повеќе од 86.000 лица.

– Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Уште еден млад спортист го загуби животот во земјотресот во Турција

Следно

ВИДЕО: Ова е Сила, кучето на турската армија кое со повредена шепа спаси 12 луѓе

Latest from Blog