Дешам: Погба многу го сака фудбалот

October 8, 2024
1 min read

Селекторот на Франција, Дидие Дешам се произнесе околу намалувањето на периодот на дисквалификација на фудбалерот од средниот ред Пол Погба, кој ќе може да се врати на терените во март 2025 година.

Суспензија на 31-годишниот играч беше намалена од 4 години на 18 месеци.

– Ова е одлична вест, тој ќе може повторно да игра од март. Разговарав со него на телефон многу пати во периодот на суспензија. Му беше многу тешко. Новата казна е сепак казна, иако помала. Погба знае дека во март 2025 година ќе може повторно да игра, а бидејќи толку многу го сака фудбалот, ова е одлична вест за него, изјави Дешам за „RMC Sport“.

Погба, кој се уште е под договор со Јувентус од Торино до 2026 година, беше позитивен на допинг тест во февруари 2024 година. По жалбата, Судот за спортска арбитража (CAS) му ја намали казната на 18 месеци на 7 октомври.

Фудбалерот има 91 натпревар и 11 голови за француската репрезентација, а како дел од „триколорите“ стана и светски шампион во 2018 година.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку 41.965 жртви во израелската геноцидна војна во Газа

Следно

Ердоган: Ционистичкото лоби има влијание врз некои од водечките универзитети во светот

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop