Десетици девојчиња во Иран повторно отруени

April 8, 2023
1 min read

Десетици девојчиња денеска се отруени во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми.

Од крајот на ноември, бројни училишта, претежно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле во болница.

Претседателот на Националната анкетна комисија за случајот, пратеникот Хамидреза Каземи, вчера изјави дека нивниот конечен извештај ќе биде објавен „за две недели“.

Најмалку „60 ученички се отруени денеска во женско училиште во Хафткел“ во југозападната провинција Кузестан во земјата, јави новинската агенција Ирибњуз, цитирајќи локален функционер.

Ученички биле отруени и во „пет училишта во Ардабил на северозапад“ каде имале „симптоми на вознемиреност, отежнато дишење и главоболки“, додал истиот извор.

Во Урмија, главниот град на провинцијата Западен Азербејџан во северозападниот дел на земјата, поради „истекување на гас“ се затруле и „неодреден број“ основци, јави агенцијата Илна.

Според официјални податоци од 7 март, „повеќе од 5.000“ деца биле затруени во повеќе од 230 училишта во 25 провинции од 31.

Труењата престанаа на почетокот на март откако беше објавено дека се уапсени стотина лица.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи повика на „строги казни“, до смртна казна, за оние кои се прогласени за одговорни за труењата, нарекувајќи ги „непростливи злосторства“.

Ученичките беа отруени во екот на протестите во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната иранска Курдка Махса Амини во притвор поради наводно кршење на строгиот кодекс за облекување за жените.

Повеќемесечните протести предизвикани од смртта на Махса Амини се најголемата криза со која се соочи Иран во последните децении, а повеќе од 500 демонстранти беа убиени во судирите со полицијата. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кина започна со воени вежби во Тајванскиот теснец

Следно

Тен Хег за повредата на Рашфорд: Повторно поради календарот – не можете да одиграте три натпревари за шест дена

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop