Денот на враќање на учениците во „Рибникар“: Се појавиле само половина од децата, делот каде што се случи масакрот не се користи

May 22, 2023
2 mins read

На децата треба да им се овозможи да се среќаваат, да бидат заедно. Тие сакаат да одат во училиште, да бидат со своите другари и наставници, вели мајка на дете што учи во ова училиште. Меѓутоа, нагласува таа, наставата не треба да се одвива во истата зграда туку да се најде алтернативна локација како што е, на пример, Детскиот културен центар

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC (Архива)

Одреден број деца денеска се појавија на настава во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград каде наставата беше прекината по 3 мај кога 13-годишниот Коста К. изврши масакр и уби 10 лица (девет деца и чуварот).

Неговото одделение 7-2, денеска е втора смена и со настава треба да продолжи попладне околу 13 часот. Денеска ќе имаат час по физичко.

„Денешниот ден ќе се разликува по тоа што учениците од 7-2 попладне ќе дојдат на настава. Тие сами инсистираа во разговор со терапевтите. Ние сме во постојан контакт со нив, комуницираме на дневно ниво. Инсистираа да почнат со настава по физичко и здравствено воспитување. Утре ќе продолжат со физичко и со географија. Ќе одиме постепено, полека, во согласност со потребите на децата“,

вели Снежана Вуковиќ од Министерството за образование на Србија во разговор со РТС.

Децата немаат задолжителна обврска да се вратат на настава со физичко присуство. Вуковиќ вели дека доколу родителите приметат дека децата се плашат нема потреба да доаѓаат во училиште бидејќи процените се дека тоа би било „ново насилство над детето“.

„Многу е важно да имаме пишана изјава од родителите дека детето не доаѓа и да се следи што се случува со тоа дете. Би било добро кога би имало онлајн настава за оние кои не сакаат да бидат физички присутни, но информациите се такви што родители воопшто не сакаат настава, сакаат прекин и крај на школската година“,

вели Вуковиќ.

Претставничката на српското министерство за образование во гостувањето на РТС кажа и дека делот од училиштето каде се случи масакрот воопшто не се користи. Тоа е овозможено бидејќи практично, како што објасни, ОУ „Владислав Рибникар“ се состои од две вештачки споени згради.

„Се избегнува сè што се подразбира за да не се поминува низ тој простор. Дури и влезовите во училиштето се на другата страна. Тоа е она што во овој момент беше возможно или другата опција беше децата целосно да се разделат, па едно дете од едно семејство да оди во едно, а другото дете во друго училиште што е многу тешко. Навистина би било многу напорно за родителите и јас верувам дека и родителите би имаше проблем и тоа би било дополнителен предизвик“,

вели Вуковиќ.

Денеска во прва смена во училиштето, како што јави Н1 ТВ, се појавиле половина од децата. Ваквите груби процени ги дава Александра Булатовиќ, мајка од групата родители што се залага за прекин за наставата, која вели дека тоа не е поврзано со одделението или возраста на учениците.

Таа нагласува дека се собрале околу 250 родители кои се став дека школската година во ова училиште завршила на 3 мај.

„На децата треба да им се овозможи да се среќаваат, да бидат заедно. Тие сакаат да одат во училиште, да бидат со своите другари и наставници“,

вели Булатовиќ но нагласува дека тоа не треба да биде во зградата на „Владислав Рибникар“.

Таа со останатите родители предлага алтернативни локации, како што е Детскиот културен центар во паркот на Ташмајдан кој има капацитет да ги собере сите деца.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грција: Нова демократија на Мицотакис со убедлива победа на изборите

Следно

Мбапе, Нејмар, Роналдо, Фердинанд…застанаа зад Винисиус Жуниор: Не си сам…(ФОТО)

Latest from Blog

Со „Лице в лице“ честитките го помагате зајакнувањето на ранливите сораѓани и заедници

Со повикот „во Новата 2025 година бидете дел од заедницата што множи добрина и дели радост. Изберете празнични честитки, со срце и свест!“, платформата за одржлив развој „Лице в лице“ продолжува да

Јаневска: Нема повеќе да дискутираме за ученикот

Ве молам дајте ни неколку денови, работиме тимски министерството за образование, за здравство и за социјала за да најдеме најсоодветно решение. Предвидуваме подлабоки и посериозни постапки кои ќе бидат во корист на

Магла до 50 метри на Буково и Пресека

Магла до 50 метри има на планинските премини Буково и Пресека поради што видливоста е намалена, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

Филипче не се откажува од Заев, ниту од хибридниот режим во кој беше претворена државата со него. Според „Економист”, Македонија беше окарактеризирана како хибриден режим и тоа според индексот на „Економист” токму

Бериша бара техничка влада пред изборите, за социјалистите неоснована политичка желба

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека опозицијата инсистира на формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори, додавајќи дека „во 2025 година е наш ред да победиме“. Бериша во телевизиско
Go toTop