Дендиас и Блинкен ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог Грција – САД

1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Атина ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција.

Според грчкото МНР, стратешкиот дијалог опфаќа регионални прашања, одбрана и безбедност, трговија, енергетика, справување со тероризам и природни катастрофи, а третиот круг се одржа во Вашингтон во октомври 2021 година.

Блинкен вчера попладне ја започна посетата на Грција со средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека, пак, денеска, освен со министерот за надворешни работи, ќе се сретне и со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

СПМ: За спас на Македонија наместо да се зборува за владина реконструкција треба да се говори за оставка на владата

Следно

Тебас бара разумно објаснување или оставка од Лапорта

Latest from Blog