Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија пред грузискиот Парламент

December 1, 2024
1 min read

Пред грузискиот парламент во главниот град Тбилиси, и синоќа дојде до судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти, кои веќе трета вечер по ред протестираа против одлуката за одложување на расправата за пристапување на земјата кон Европската Унија.

Полицајците во опрема за растурање немири испукала гумени куршуми, солзавец и употребила водени топови за да ги растера демонстрантите кои фрлале запаливи направи“, наведе новинар на АФП, кој видел и пламен од прозорецот на зградата.

-Се плашам, нема да кријам, дека многу луѓе ќе бидат повредени, но не се плашам да стојам овде, изјави Тамар Гелашвили (39) за АФП во близина на зградата на парламентот.

Протести се одржаа и во многу градови во Грузија.

МВР соопшти дека „постапките на некои присутни на протестите станале насилни набргу по нивното започнување“. На секое прекршување, полицијата ќе реагира соодветно и согласно законот, наведоа оттаму.

Двата претходни протести, во четвртокот и петокот, веќе беа растурени со водени топови и солзавец, а полицијата уапси повеќе од сто лица.

Проевропската претседателка на земјата, Саломе Зурабишвили, вчера на брифинг најави дека нема да го прекине својот мандат, што завршува во декември, додека не се организираат нови парламентарни избори. Грузиската претседателка јасно порача дека парламентот нема легитимитет и дека нелегитимен парламент не може да избере нов претседател и затоа нема да има инаугурација.

Зурабишвили на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека претседателската канцеларија е единствената преостаната легитимна институција во земјата.

Владејачката партија Грузиски сон, обвинета за авторитаризам и проруски тенденции, освои речиси 54 отсто од гласовите на изборите во октомври, за кои опозициските партии тврдат дека биле наместени.

Последните протести беа предизвикани од одлуката на владата, обвинета за проруска и авторитарна пристрасност, да ги одложи разговорите за пристапувањето на оваа кавкаска земја во Европската унија до 2028 година.

Стотици функционери, вклучително и оние од министерствата за надворешни работи, одбрана и образование, како и судии, дадоа заеднички изјави во знак на протест.

Околу 160 грузиски дипломати ја критикуваа одлуката, велејќи дека таа е неуставна, имајќи предвид дека влезот во ЕУ е дефиниран како цел во Уставот на земјата и дека тоа доведе до „меѓународна изолација“.

Многу грузиски амбасадори поднесоа оставки во знак на протест.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка

Следно

ДЕТАЛИ: Разбојниците од „Нептун“ се заканувале со пиштол и експлозив, во продавницата имало и деца

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop