ДЕТАЛИ: Разбојниците од „Нептун“ се заканувале со пиштол и експлозив, во продавницата имало и деца

December 1, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за притвор за двете лица кои во петокот извршија разбојништво во продавницата „Нептун“ кај Градскиот стадион во Скопје.

Двете лица на возраст од 21 и 27 години се сомничат за кривично дело разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 29 ноември, двајцата осомничени со електрични тротинети дошле до продавницата за бела техника „Нептун” кај Градскиот стадион. Биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, додека едниот осомничен на себе носел и импровизирана рачно изработена експлозивна направа во форма на динамит. Двајцата соизвршители влегле во продавницата, во која во тој момент биле присутни повеќе вработени, возрасни купувачи, но и три деца. На сите им се заканиле со оружјето и експлозивот, а еден од осомничените застанал пред вратата за да ги спречи да излезат. Другиот осомничен влегол позади пултот од каде ги одзел парите од касите, па заканувајќи се со оружјето побарал од вработените да му го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери. Вкупно со разбојништво и закана по животите на присутните осомничените одзеле пари во вкупна вредност од 556.146 денари, ги предупредиле присутните да не повикуваат полиција и излегле од продавницата, се наведува во информацијата од Јавното обвинителство.

Двајцата беа приведени во непосредна близина пред продавницата од страна на полициски службеници.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија пред грузискиот Парламент

Следно

Мицотакис до Северна Македонија: Не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција

Latest from Blog

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и
Go toTop