Демонстранти се обидоа да упаднат во албанскиот парламент, фрлаа петарди кон полицијата

February 13, 2023
1 min read

Бериша и другите пратеници ја окупираа собраниската говорница и свиреа за да го спречат секој што ќе се обиде да зборува. Претседателот на собранието беше принуден да ја прекине седницата

Пратениците од опозицијата ја прекинаа денешната седница на албанскиот парламент со свирежи за да го повторат нивното барање за оставка на Владата поради наводна корупција. Во исто време, стотици нивни поддржувачи се обидоа да упаднат во зградата на законодавниот дом. Сепак, полицијата успеа да ги задржи демонстрантите кои фрлаа димни бомби и петарди. Најмалку три лица се приведени во полициска станица по завршувањето на протестот, пренесува „Албанијан дејли њуз“.

Ова се втори протести откако поранешниот премиер Сали Бериша најави дека опозицијата ќе го изразува своето незадоволство преку протести сè додека актуелниот премиер Еди Рама не поднесе оставка. Неколку илјади приврзаници на опозицијата учествуваа на протестите во саботата. Протестите се организирани од Демократската партија на Сали Бериша и левичарската Партија на слободата, на поранешниот претседател Илир Мета.

Бериша и другите пратеници ја окупираа говорницата и свиреа за да го спречат секој што ќе се обиде да зборува. Претседателот на собранието беше принуден да ја прекине седницата, иако не се расправаше за ниту едно од прашањата од дневниот ред.

„Народот ќе зборува“,

рече Бериша по излегувањето од собраниската сала и вети дека протестите ќе продолжат кон крајот на оваа недела, пишува „Индипендент“.

Опозицијата ја обвинува Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама за корупција и организиран криминал и го смета премиерот за одговорен за егзодусот на младите Албанци кои заминаа во западноевропските земји да бараат работа. Владата тоа го негира и тврди дека ја одржала инфлацијата на ниско ниво во споредба со другите делови на Европа, односно дека субвенционирала струја за семејствата и малите бизниси.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врачени годишните награди на ДПМ

Следно

ЦЕЛИОТ СВЕТ НА ФАТИМА Е СРУШЕН – 13 членото семејство го остави под рушевините, „мојата куќа се претвори во гробница!“

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop