ЦЕЛИОТ СВЕТ НА ФАТИМА Е СРУШЕН – 13 членото семејство го остави под рушевините, „мојата куќа се претвори во гробница!“

1 min read

Целиот свет на Фатима Фиген исчезна. На парче земја опустошена од земјотресот во разурнатиот град Адијаман, таа се обидува да се стопли и да им ја раскаже тажната судбина на новинарите.

Додека се собира околу огнот со сестра и и деверот, ги набројува загинатите. „Имаше многу загуби во семејството на мојот сопруг. Неговата мајка, татко, браќа и сестри, снаи, внуци, внуки. Нашиот семеен стан се урна. Во меѓувреме вујко ми, неговата сопруга, нивното дете, свекрвата ги загубија животите…“

13 членови од нејзиното семејство се затрупани под урнатините. Десет деца останаа без родители. Фатима на новинарите на „Sky News“ им покажала фотографии од куќата како изгледала пред земјотресот.

Зграда на четири ката исполнета со три генерации. Таа сега е срамнета со земја и е гробница во која починаа нејзините најблиски, пишува „Скај“.

Сите биле жртви на земјотресот за кој не престанува да размислува. „Дури и кога стоиме, се чувствуваме како да се тресеме“, вели Фатима.

„Нема работа, во стечај сме. Градот повеќе не постои“

Среде траума, спиењето е минливо. Околу нив спасувачите со копачи се обидуваат да ги извлечат мртвите, додека живите прават се за да ги преживеат ноќите кога температурата паѓа под нулата. „Во првите неколку дена слушнавме приказни за луѓе кои биле извлечени од урнатините, но починале од студот“, вели Фатима.

Леденото време не е единствениот предизвик за преживеаните. „Нема работа. Ние сме банкротирани“, вели шурата на Фатима, Хабиб.

На новинарите на Скај им го покажува комбето во кое тие наизменично спијат. Како најстар маж, Хабиб сега е главен хранител на неговите преживеани роднини, вклучително и десет сирачиња. Со уништен дом и изгубени работни места, за нив нема иднина во Адијаман.

„За мене нема надеж, готово е. Градот заврши“, вели Хабиб.

„Луѓето вршат нужда во близина на местото каде што се подготвува храната. Сега не можеме да се справиме со пандемијата“.

Толпи луѓе го напуштија Адијаман, нема струја, а преживеаните велат дека водоснабдувањето е прекинато или загадено. На многу улици, местото на куќите сега го заземаат шаторските населби обезбедени од државата.

Веднаш зад аголот од местото каде што сега живее Фатима, известуваат новинарите на „Скај“, тие се сретнале со Ајса Кајгусуз, која им го покажала владиното засолниште што го дели со десет други. Немаат тоалети или тушеви. Таа објаснува дека луѓето вршат нужда во близина на местото каде што подготвуваат храна. Болеста е голема загриженост сега.

„Не можеме да се справиме со епидемијата сега. Оние што преживеаја ќе умрат. Половина град е мртов“, вели Ајса.

Турција сега прави што може, но потребите се огромни напори за да се врати нормалниот живот таму. На многумина овде страдањето им изгледа бескрајно, ја завршува својата репортажа „Скај“.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Демонстранти се обидоа да упаднат во албанскиот парламент, фрлаа петарди кон полицијата

Следно

Клековски: Реконструкцијата е само обид за спас на владата на СДСМ и ДУИ

Latest from Blog