Дачиќ во Загреб: Не верувам дека сме си многу драги едни на други, но ред е да живееме во мир

January 6, 2023
2 mins read

Хрватскиот премиер, пак, порача дека потребно е да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија, како и дека помирувањето мора да се заснова на факти и вистини. Тој потсети и оти Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ додавајќи дека ова наследство е „тешко“ и ги оптоварува односите Белград и Загреб

Пораки за мир, дијалог и подобрување на односите меѓу Србија и Хрватска испратија официјални лица од владите на двете земји денеска од Загреб каде Српското народно собрание (СНВ) организира традиционален божиќен прим.

Делегацијата на српската влада ја предводи првиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, министерката за европска интеграција Тања Мишчевиќ, министерот за човекови и малцински права и претседателот на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина Томислав Жигманов, како и патријархот на Српската православна црква, Порфириј.

Во обраќањето Дачиќ порача дека неговото доаѓање е силна порака за потребата да се разговара и да се редефинираат актуелните односи помеѓу Белград и Загреб. Не размислуваме исто за многу прашања, рече тој, но мораме да разговараме и да се договориме. Тој ги повтори и зборовите кои ги кажал за време на посетата на актуелниот претседател Зоран Милановиќ во Србија во времето кога беше премиер, а тоа е дека не верува оти Србите и Хрватите си се драги едни на други, но ако веќе мораат да живеат заедно, ред е да живеат во мир.

„Имаме многу заеднички интереси и без разлика во кое време живееме и што било пред неколку векови или 10 години, ние мораме да ги ги разгледаме прашањата поврзани со минатото, но и со иднината. Дури и кога не мислиме исто. Кога Милановиќ беше во посета на Србија во улога на премиер, јас тогаш реков: Кога би не гледал некој што не нè знае, нас – Ивица Дачиќ и Зоран Милановиќ, зарем би можел да каже кој е Хрват, а кој Србин? Обично, Бадник се поминува во друштво на најмилите, а не верувам дека ние сме си најдраги едно на други. НО, ако веќе мораме да живееме заедно, тогаш е ред да живееме во мир“,

рекол Дачиќ, пренесува „Индекс.хр“.

Од хрватската влада, пак, на настанот присуствуваше премиерот Андреј Пленковиќ, вицепремиерката Ања Шимпрага, министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман и министерот за правда и администрација Иван Маленица.

Пленковиќ исто така порача дека е потребно да се унапредат односите помеѓу Хрватска и Србија, како и дека помирувањето мора да се заснова на факти и вистини.

Меѓутоа, исто така порача и оти Хрватска „била жртва на агресија“ од режимот на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ додавајќи дека ова наследство е „тешко“ и ги оптоварува односите Белград и Загреб.

„Хрватска беше жртва на агресијата на режимот на Милошевиќ и тој факт живее со нас, живее со семејствата на исчезнатите, со војници, ветерани, цивили. Тоа наследство е тешко“,

посочи Пленковиќ.

Неговата влада, рече, ќе направи се за да ги најде исчезнатите во војната во 90-тите години, но и да изгради „мостови на солидарноста“.

Еден од домаќините на настанот, претседателот на Независна демократска српска партија во Хрватска, Милорад Пуповац, пак, порача дека главна задача на српските и хрватските политичари е да го замолчат говорот на омраза.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен малолетник од Скопје, расчистена тешка кражба

Следно

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Latest from Blog

9 години стои само карабина – 2025-та ново ветување за објектите двата факултети на УКИМ

Изградени се до фаза на карабина и со години стојат така. Никако да се завршат двата објекти предвидени за факултети во Скопје. „Изградбата на објектите на факултетите на УКИМ започна во 2015

[Видео] Лазар Аврамовски и новата димензија на „Седна баба да вечера“ која нема да ве остави рамнодушни

Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“, хумористичната народна песна, со што ѝ откри една

Талески: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и одговараат тензиите за да ги избегнат клучните теми за кои ги лажеа граѓаните

СДСМ ги осудува настаните кои се случија на денот на албанското знаме, но она што го одбележа овој настан е жалниот привид што го видовме од премиерот Христијан Мицковски и министерот Панче

Јаневска: Светска банка препознава дека образованието е владин приоритет и ќе продолжи да помага во неговиот развој

Исклучително е важна поддршката која Македонија ја добива од Светската банка за да го подобри квалитетот на образованието и да го зајакне овој клучен столб на севкупниот општествено економски развој. Благодарни сме
Go toTop