Црна Гора пред втор круг претседателски избори, во трката остануваат Ѓукановиќ и Милатовиќ

March 19, 2023
1 min read

Речиси извесно е дека во Црна Гора ќе има втор круг претседателски избори во кој влегуваат актуелниот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, и заменик-претседателот на движењето ,,Европа сега”, Јаков Милатовиќ.

Ова го покажува проекцијата на резултатите од денешниот прв круг што го прави Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), а врз основа на обработени 85, 5 отсто од нивниот примерок.

За претседател да биде избран денеска треба некој од седумтемина кандидати да освои повеќе од половина од важечките гласови од оние што гласале, што се чини невозможно.

Се очекува неизвесен втор круг пред кој аналитичарите велат дека Ѓукановиќ ќе треба да се обиде да ги мобилизира оние што традиционално гласаат за неговата партија, а денеска останале дома. Ѓукановиќ ќе се бори и за гласовите на кандидатката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, која денеска освојува малку над 3 %.

Од сруга страна, за Милатовиќ се смета дека е поблиску да ја добие поддршката на гласачите на просрпските кандидати Мандиќ и Бечиќ, но дека притоа треба да се види како ќе се постави тој кон овој електорат со оглед на тоа што на 11 јуни ќе се одржат предвремени парламентарни избори на кои неговото движење ,,Европа сега” има големи амбиции.

Како што беше најавено, доколку не се избере претседател денеска, вториот круг избори ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Слушам кај шумат шумите“, „Македонско девојче“, „Јовано Јованке“: Македонска музика во Барселона пред „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Следно

„Ју-Би-Ес“ ја купи „Кредит свис“за да спречи криза

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop