Црна Гора: Милатовиќ води пред Ѓукановиќ, покажуваат проекциите по обработени 54,5 отсто од гласовите

1 min read

Милатовиќ води со 60,5 отсто освоени гласови, додека Ѓукановиќ има 39,5 отсто

На обработени 54,5 отсто од гласовите, проекциите на резултатите од денешниот втор круг од претседателските избори во Црна Гора покажуваат дека кандидатот на движењето „Европа сега“ (ПЕС), Јаков Милатовиќ, е во водство пред кандидатот на ДПС, Мило Ѓукановиќ.

Милатовиќ води со 60,5 отсто освоени гласови, додека Ѓукановиќ има 39,5 отсто.

Ова се проекции на невладината организација Центар за мониторинг и истражувања (ЦЕМИ).

Право на глас на претседателските избори во Црна Гора имаат 542 154 граѓани, а излезеноста во вториот круг, според ЦЕМИ, била 70,5 отсто.

Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Манчестер јунајтед е во резултатска криза

Следно

ЦЕМИ: Во вториот изборен круг Милатовиќ освои 60,5 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 39,5 отсто

Latest from Blog