ЦЕМИ: Во вториот изборен круг Милатовиќ освои 60,5 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 39,5 отсто

1 min read

Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, освои 60,5 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат проекциите на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) врз основа на 54,8 отсто од обработениот изборен материјал.

ЦЕМИ соопшти дека 39,5 отсто гласале за претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.

Според податоците на Центарот за демократска транзиција, во вториот круг од претседателските избори гласале околу 383,3 илјади гласачи или 70,7 отсто.  (МИА)

Претходно

Црна Гора: Милатовиќ води пред Ѓукановиќ, покажуваат проекциите по обработени 54,5 отсто од гласовите

Следно

Анчелоти: Мојот договор со Реал завршува во 2024 година, планирам да го финализирам до крај

Latest from Blog