Црна Гора избира претседател: До 19 часот, гласале 60,5 отсто од гласачите

March 19, 2023
1 min read

Од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) велат дека има поплаки од граѓани за притисоци, односно дека гласачите добиваат телефонски повици да излезат и да гласаат за одредени кандидати

До 19 часот во Црна Гора денеска гласале вкупно 60,5 отсто од избирачите, покажуваат податоците на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

На претседателските избори во 2018 година излезеноста во овој период беше 58,6.

Од ЦЕМИ велат дека има поплаки од граѓани за притисоци, односно дека гласачите добиваат телефонски повици да излезат и да гласаат за одредени кандидати.

Во Црна Гора утрово во 7 часот се отворени избирачките места за претседателските избори, а гласањето ќе трае до 20 часот.

Граѓаните избираат меѓу актуелниот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, заменик-претседателот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, лидерот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ, инфлуенсерот Јован Радуловиќ, претседателот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ, лидерот на Демократите Алекса Бечиќ и пратеничката Драгиња Вуксановиќ Станковиќ од Социјалдемократската партија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Навивачите на Динамо Загреб со посебна кореографија во чест на Адеми (ФОТО)

Следно

МИНАТА ОД РИЕКА СОДРЖЕЛА 690 КИЛА ЕКСПЛОЗИВ: Ова е моментот на уништувањето (ВИДЕО)

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop