Чувар вработен во британска амбасада шпионирал за Русија – доби 13 години затвор

February 17, 2023
1 min read

Смит, кој по потекло е од Пејсли, Шкотска, на суд тврдел дека бил депресивен и осамен и дека пиел повеќе од три литри пиво дневно кога почнал да издава тајни за, како што тврди, да ја засрами амбасадата

Чувар кој работел во британската амбасада во Германија и бил фатен како шпионира за Русија денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор. Дејвид Балантин Смит (58) се изјаснил за виновен по осум точки од обвинението, но тврдел дека не сакал да повреди некого намерно. Казната може да ја отслужи во Германија или Британија, пренесува Скај њуз.

Смит, кој по потекло е од Пејсли, Шкотска, на суд тврдел дека бил депресивен и осамен и дека пиел повеќе од три литри пиво дневно кога почнал да издава тајни за, како што тврди, да ја засрами амбасадата.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата ги отфрлил неговите молби, велејќи дека „со давање на значителна количина материјал на непријателска земја, тој им наштетил на британските интереси“.

„Вашата работа беше да се осигурате дека амбасадата и нејзиниот персонал се безбедни. Ова беше јасно прекршување на довербата што ви е дадена“,

му рекол судијата на Смит.

Тој утврдил дека Смит „упорно и релативно софистицирано“ собирал информации и предизвикувал „анксиозност и стрес“ кај персоналот на амбасадата и нивните семејства.

Судијата додал дека Смит е „платен од Русија за предавство“, додавајќи дека нема докази дека тоа се „износите што ќе му го променат животот“.

Според пресудата, Смит земал фотографии и документи од фиоките на амбасадата, како и снимки од надзорните камери. Тој на руските службеници им ги дал имињата, фотографиите и личните податоци на персоналот на амбасадата, како и тајните документи.

Покрај тоа, тој снимил видео шетајќи низ амбасадата, со што на Русите им открил детали за зградата и канцелариите. Судијата рече дека Смит „развил антибритански и антизападни чувства“, додавајќи дека тоа „директно ги предизвикало“ неговите постапки.

Колегите од амбасадата слушнале дека Смит отворено ги критикува Велика Британија и Германија и изразува позитивно мислење за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин. Тој пред судот признал дека отворено ги поддржувал проруските сили во регионот Донбас во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Апсења во Центар, Гази Баба и Карпош: Приведени три лица поради дрога

Следно

Д-р Пановски: Пациентите чии права се нарушени може да се обратат до Комисијата на Град Скопје за унапредување на правата на пациентите

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop