Четири лица исчезнале на Кожув: Среќен крај на спасувачката акција

February 5, 2023
1 min read

Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи.

– Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи лицата повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа, односно на 4 февруари, во саботата. Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четири броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста „Мала Рупа“ на планината Кожуф, информираат од ЦУК.

Од ЦУК нагласуваат дека, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри во Струмица и во Гевгелија, веднаш стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку Кабинетот на градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија.

– Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата Смрдлива Вода, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови, известуваат од ЦУК.

Оттаму потенцираат дека ја координирале и ја следеле ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рамос: Меси е најдобар фудбалер на сите времиња

Следно

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop