Четири лица под истрага за неовластено набавување и пренесување на кокаин

April 4, 2023
2 mins read

Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи спроведе акција на неколку локации во Скопје и Прилеп, при што се лишени од слобода четири лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна меѓународна истрага и формирани истражни тимови помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјалното јавно обвинителство на Република Албанија и Одделот за организиран криминал на Република Албанија.

​Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст.3 в.в ст.1 од КЗ.

Во текот на месец јуни 2021 година осомничените, заедно со неправосилно осудениот македонски државјанин како повеќе лица, неовластено заради продажба набавиле наркотична дрога – кокаин од НН лица од Р.Албанија во вкупна количина од 324,400 килограми, со намера истата да ја пренесат до Р.Италија. Откако претходно се договориле, осомничените на 16.06.2021 година поединечно на различни гранични премини оствариле излез од РСМ и се сретнале и преземале активности на територијата на Драч, Р.Албанија. Притоа на непозната локација во Р.Албанија, НН лица-албански државјани и првоосомничениот во просторот кај резервоарите со нафта на ТМВ ˶Даф˝ сместиле 300 пакувања наркотична дрога – кокаин со тежина од 324,400 килограми. Па, откако вечерта осомничените и неправосилно осудениот оствариле заедничка средба, неправосилно осудениот со ТМВ марка ˶Даф˝ се упатил кон пристаништето во Драч со цел наркотичната дрога – кокаин да ја пренесе во Р.Италија. Тројца од осомничените заедно, на 18.06.2021 година еден час по полноќ, на граничен премин Кукс/Морина оствариле влез од Р.Албанија во Р.Косово со ПМВ марка Мерцедес, а на ГП Блаце првоосомничениот влегол како пешак во РСМ, а другите двајца осомничени со ПМВ марка Мерцедес како возач и сопатник. Второсомничениот во исто време со ПМВ марка марка ˶Голф˝ со бугарски регистарски ознаки влегол во државава преку ГП Свети Наум. Истиот ден напладне, на пристаништето во Драч, Р.Албанија при скенирање на ТМВ марка ˶Даф˝ од страна на службени лица од Царинската управа на Р.Албанија биле откриени сокриените пакувања на наркотична дрога кокаин и неправосилно осудениот е лишен од слобода и му била определена мерка притвор и истиот е неправосилно осуден од тамошниот суд на казна затвор во траење од 8 години.

При вчерашната акција еден од осомничените во обид да им избега на полициските службеници се повредил и се наоѓа на лекување, додека останатите тројца во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Предметиот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ издвојува 116 милиони евра за засолништа во Туркије и 5 земји членки

Следно

Во Шведска уапсени петмина осомничени терористи од Исламска држава

Latest from Blog

Бразил само до бод против Мароко!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Бразил – Мароко 1:1 е исходот од мечот од групата Ц на “Метлајф“ стадионот во Њу Џерси. Без Нејмар тимот на Карло Анчелоти неубедлив, далеку е овој Бразил од вечерва да

„НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ, НИКОГАШ, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ“ Орбан реизбран за лидер на Фидес

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април

Битолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени од комунална такса

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека

Полјаци копале во дворот и пронашле фетуси

Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“. Откритие за време на земјени работи Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на
Go toTop