Чавушоглу: „Израел е една од првите земји што испрати поддршка за Туркије по земјотресот“

February 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије и Израел ќе продолжат со напорите за развој на соработката, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција со неговиот израелски колега Ели Коен во Анкара, Чавушоглу се заблагодари на Израел за поддршката пружена по разорниот земјотрес во Туркије и ја истакна неговата значајна помош во напорите за потрага и спасување во Кахраманмараш.

„Израел е една од првите земји што испрати поддршка за Туркије“, рече Чавушоглу, додавајќи дека израелските екипи за потрага и спасување, како и медицински тимови, веднаш дошле во јужните региони на Туркије погодени од земјотресот.

Истакнувајќи дека израелските тимови се едни од најбројните на теренот, турскиот министер рече дека израелските спасувачи дале „многу сериозна поддршка“ за напорите во Кахраманмараш, извлекувајќи 19 луѓе од урнатините.

Од своја страна, израелскиот министер Коен изрази солидарност и сочувство со Туркије и турскиот народ „во овие тешки времиња“ и рече дека Израел ќе направи сè што може за да обезбеди помош и да ги утеши оние на кои им е потребна помошта.

Коен ги нарече силните земјотреси во јужна Туркије „трагичен настан без преседан“.

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите односи во деновите и месеците што следат. Ќе ги развиваме и унапредуваме нашите билатерални односи на различни полиња“, додаде тој.

Два силни земјотреси на 6 февруари ја погодија јужна Туркије.

Потресите со јачина од 7,6 и 7,7 предизвикаа човечки и материјални загуби и во северна Сирија.

Според последните официјални податоци, во Туркије загинаа над 31.600 луѓе, додека во Сирија бројот на загинати надмина 3.650.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Земјотресот во Турција и легализираните дивоградби во Македонија

Следно

Бројот на загинати во земјотресите во Сирија порасна на 3.688

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop