Чавушоглу: Египет покажа пријателство и братство во тешките моменти

February 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Поздравувајќи ја поддршката и солидарноста што Египет ја покажа веднаш по разорните земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на почетокот на овој месец, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека двете земји „отвораат ново поглавје во односите“, јавува Анадолу.

„Пријателството и братството се гледаат во тешки времиња“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со својот египетски колега Самех Шукри, кој е во посета на јужните турски региони Адана и Мерсин.

„По двата силни земјотреси што се случија на 6 февруари, Египет го покажа своето братство и пријателство на Туркије“, наглси Чавушоглу.

Тој истакна дека двете земји „отвораат ново поглавје во односите“, истакнувајќи ја плодната средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси во Доха, Катар, во ноември.

Чавушоглу рече дека со Шукри разговарале за начините за понатамошен развој на односите на билатералната средба што се одржа на аеродромот „Шакирпаша“ во Адана.

„Развивањето на односите меѓу Туркије и Египет е во интерес на двете земји, но и не само за двете земји, туку е важно и за мирот, стабилноста и развојот на нашиот регион“, додаде шефот на турската дипломатија.

Посетата на Шукри на Туркије е прва посета на египетски министер за надворешни работи во повеќе од една деценија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпишани договори со јавните општински установи за инклузија на деца Роми

Следно

Кремљ: Кон кинескиот мировен план за руско-украинската војна е пристапено со големо внимание

Latest from Blog

Битола се подготвува за Бадник: Коњановски учествуваше во изработката на ѕвездите

Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија. На младите бадникари-деца од

„Среќна Нова година, мамо“ – мајка очајно го бара синот исчезнат во пожарот во Кранс-Монтана

Трагедија го одбележа дочекот на Новата година во швајцарското скијалиште Кранс-Монтана, каде во барот „Le Constellation“ избувна смртоносен пожар. Според швајцарските власти, најверојатна причина за огнената стихија биле прскалки прицврстени на шишиња

Граѓаните да очекуваат промени во правосудството во 2026 година, вели вицепремиерот Николоски

Решавање на катастрофалните состојби во судството и Обвинителството преку промени е она што треба да очекуваат граѓаните и што треба да се случи во 2026 година, истакна во интервјуто за ТВ Алфа,

Левандовски имал таен состанок со својот нов клуб, Лапорта тоа го знае

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Според „Билд“, полскиот голгетер и неговиот агент Пини Захави наводно одржале таен состанок со претставници на клубот од МЛС, Чикаго Фајер, во Барселона, непосредно пред празниците. Овој состанок не
Go toTop