Чави за статусот на Фати: Јас не сакав да се откажам ниту од Обамејанг

May 30, 2023
1 min read

Барселона ја освои титулата во Ла Лига по пауза од четири години, а тренерот Чави веќе потврди дека на екипата и се потребни одредени засилувања.

Во последното интервју за каталонски „Спорт“, Чави зборувал за трансфер целите, а открил и детали за заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во Челси.

– Мислам дека треба да замениме пет или шест фудбалери, треба да се засилиме посебно во средниот ред. Одбраната и нападот ни се добро покриени, па останува да доведе нови играчи за врска, – рекол Чави.

Шпанскиот стручњак демантирал дека Жил Кунде е пред заминување, а шпекулациите за Ансу Фати ги прокоментирал со споредба со продажбата на Обамејанг во Челси.

– Засега не сме донеле одлука за продажба на Фати. Јас не сакав да замине ниту Обамејанг, но бевме во таква економска ситуација и моравме да размислуваме на финансискиот фер-плеј. Тој трансфер беше против мојата волја, но на крајот ни донесе одредени опции, а истовремено донесе и добра финансиска опција за самиот фудбалер. Не само за Фати, ова важи за сите фудбалери, трансфер може да биде реализиран само ако сите страни може да извлечат позитивен ефект, – рекол Чави.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Австрија: Три лица загинаа во пожар во болница

Следно

МНТ со со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и Босна и Херцеговина

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop