Австрија: Три лица загинаа во пожар во болница

May 30, 2023
1 min read

ВИЕНА (АА) – Три лица загинаа како резултат на пожарот во болницата „Мудлинг“ што се наоѓа во близина на австрискиот главен град Виена, јавува Анадолу.

Матијас Хофер, портпарол на здравствената установа во покраината Долна Австрија, во изјавата за медиумите истакна дека пожарот избувнал синоќа во собата во која се наоѓале тројца пациенти, кој потоа брзо се ширел.

Хофер информира дека како резултат на пожарот загинале тројца пациенти, додека 20 лица биле погодени од чадот.

Според Хофер, пациентите биле пренесени во околните болници.

Хофер нагласи дека во салите за операции извесно време нема да се вршат интервенции затоа што овие сали се наоѓале во близина на собата во која избувна пожарот.

Според соопштеното, обвинителството во оваа покраина започна истрага за откривање на причината за избивање на пожарот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО+ФОТО) Синот на Џафери и останатите нови обвинители се заколнаа дека ќе работат совесно и непристрасно

Следно

Чави за статусот на Фати: Јас не сакав да се откажам ниту од Обамејанг

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop