Британската влада потрошила 200 милиони долари за погребот на кралицата Елизабета Втора

1 min read

Британското МВР имало најголем дел од трошоците и тогаш распореди огромен број полицајци соопштувајќи дека тоа е најголемата безбедносна операција што некогаш ја имале

Photo: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Погребот на кралицата Елизабета Втора и сите настани поврзани со него ја чинеле Владата на Велика Британија околу 162 милиони евра (околу 200 милиони долари или 187 милиони евра).

Податоците ги објави британското Министерство за финансии и од нив се гледа дека најголем дел од трошоците ги покриле Министерството за внатрешни работи (74 милиони фунти или околу 92 милиони долари) кое тогаш распореди најголем број полицајци низ улиците на Лондон во историјата и соопшти дека тоа е најголемата безбедносна операција што ја имале некогаш. Второ, според листата трошоци  е Министерството за култура, медиуми и спорт кое потрошило околу 57 милиони фунти (околу 70 милиони долари).

Објавувајќи ги трошоците, од Министерството за финансии рекоа дека приоритет на Владата во тоа време било да се погрижи сите настани да се одвиваат непречено и да го има соодветното ниво на достоинство, но и на безбедност.

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември 2022 по 70 години владеење. Потоа, следуваше десетдневна национална жалост во Велика Британија која заврши со погребот организиран на 19 септември.

Пред централната церемонија за погребот, ковчегот со телото на кралицата беше изложен во Вестминстерската сала каде околу 250 000 луѓе дојдоа да ѝ оддадат почит.

На погребот, пак, се собраа бројни светски лидери и монарси, а полициското обезбедување беше посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Вучиќ со молба до Србите да го зачуваат мирот во пресрет на положувањето заклетва на градоначалниците на северот на Косово   

Следно

Анчелоти тренер со најмногу натпревари во Лигата на шампиони

Latest from Blog