Божиновска: Енергетската безбедност се гради преку регионална соработка

July 3, 2026
1 min read

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар.

Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор.

„Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството“, истакна Божиновска.

На средбата беше оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот.

Двете министерки ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата на заедничките енергетски приоритети, во согласност со европските политики и целите на Енергетската заедница.

Божиновска нагласи дека Македонија останува активен и кредибилен партнер во сите регионални иницијативи што придонесуваат за поголема енергетска сигурност, забрзана зелена транзиција и побрза интеграција на Западен Балкан во европскиот енергетски систем.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Младите спортисти се најдобрите амбасадори на Прилеп

Следно

Се намалува бројот на работници во индустријата, рударството бележи најголем пад

Latest from Blog

Дали е ова годината на “Трите лава“: Дали е ова крај на 60-годишното проклетство на Англија?! (ФОТО)

ФОТО.facebook.com/fifaworldcup/ Конечно. Англија го прекина проклетството на Светските првенства кое траеше цели шест децении или точно 60 години. „Трите лава“ го победија ДР Конго со 2-1 во драматичен пресврт. Африканците водеа во

АЛАРМ ЗА ОПАСНИ ГОРЕШТИНИ: Како паметните нараквици во Барселона ќе ги спасуваат работниците од топлотен удар

Барселона почна да им дели нараквици за следење на телесната температура на работниците кои работат на отворено, со цел да се намали ризикот од топлотен удар за време на сè почестите и

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот вложуваме рекордни 46 милијарди денари во капитални инвестиции

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред пратениците го образложи Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, истакнувајќи дека измените не се резултат на недостиг на приходи, туку на одговорно управување со јавните финансии

Се намалува бројот на работници во индустријата, рударството бележи најголем пад

Македонската индустрија и натаму се соочува со намалување на бројот на вработени, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. И во мај годинава е регистриран пад на бројот на работници, при

Проданоски: Младите спортисти се најдобрите амбасадори на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, им честиташе на младите спортисти за нивните успеси, истакнувајќи дека секоја освоена победа е резултат на дисциплина, истрајност и силен тимски дух. Тој нагласи дека нивните
Go toTop