Божиновска: Енергетската безбедност се гради преку регионална соработка

July 3, 2026
1 min read

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар.

Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор.

„Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството“, истакна Божиновска.

На средбата беше оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот.

Двете министерки ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата на заедничките енергетски приоритети, во согласност со европските политики и целите на Енергетската заедница.

Божиновска нагласи дека Македонија останува активен и кредибилен партнер во сите регионални иницијативи што придонесуваат за поголема енергетска сигурност, забрзана зелена транзиција и побрза интеграција на Западен Балкан во европскиот енергетски систем.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Младите спортисти се најдобрите амбасадори на Прилеп

Следно

Се намалува бројот на работници во индустријата, рударството бележи најголем пад

Latest from Blog

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за

Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. (Скопје, 20.08.2026) – Првата конференција за македонски брендови
Go toTop