АЛАРМ ЗА ОПАСНИ ГОРЕШТИНИ: Како паметните нараквици во Барселона ќе ги спасуваат работниците од топлотен удар

July 3, 2026
1 min read

Барселона
почна да им дели нараквици за следење на телесната температура на работниците
кои работат на отворено, со цел да се намали ризикот од топлотен удар за време
на сè почестите и поинтензивни топлотни бранови, извести агенцијата „Ројтерс“.

Градот
набави околу 1.400 нараквици за комуналните работници, меѓу кои се чистачите на
улици, вработените во јавното осветлување, работниците во парковите и
вработените задолжени за собирање отпад.

Нараквиците
ја следат телесната температура на корисникот и со звучен и вибрациски сигнал
предупредуваат кога ќе проценат дека постои зголемен ризик за здравјето. Во тој
случај, работникот мора веднаш да прекине со работата. Координаторот за
превенција во градската служба за паркови и градини, Пеп Лимона, изјави дека
станува збор за начин на прилагодување кон сè поагресивните последици од
климатските промени.

Во Шпанија
во последните години се забележани неколку смртни случаи на работници на
отворено за време на периоди на екстремни горештини, поради што во бројни
средини се изменети условите и организацијата на работата.

Во Барселона
во јуни минатата година, за време на чистење на улиците, почина 51-годишна
жена, кога температурата на воздухот достигна 30,4 Целзиусови степени. Градот
тогаш покрена истрага, а портпаролот изјави дека немало индиции оти причина за
смртта бил топлотен удар. Лимона нагласи дека проектот за воведување на
нараквиците бил подготвен уште пред тој случај, но дека настанот ја забрзал
неговата примена.

„Тоа нè
поттикна уште посериозно да размислиме за заштитата на работниците“, рече тој.
Шпанија во последните недели, како и голем дел од Европа, се соочува со многу
високи температури. Државната метеоролошка служба „Аемет“објави дека
овогодишниот јуни бил вториот најтопол откако се вршат мерењата, а за викендот
се очекува нов топлотен бран.

„Откако од
година во година станува сè потопло, на работа мораме да бидеме уште
повнимателни“, изјави раководителката на комуналната служба, Естер Хименез,
додавајќи дека стравува оти некој од работниците би можел да доживее топлотен
удар.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот вложуваме рекордни 46 милијарди денари во капитални инвестиции

Следно

Дали е ова годината на “Трите лава“: Дали е ова крај на 60-годишното проклетство на Англија?! (ФОТО)

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop