Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во Железници

March 7, 2023
1 min read

Вработените  за одржување на влечните средства при ЖРСМ Транспорт АД Скопје  стапија во бојкот и изутрина од осум часот не ги извршуваат работните задачи, изјави за МИА Ѓоко Илиевски, претставник на вработените.

Причина за бојкотот, како што  наведуваат во известување до медиумите, е неисполнувањето на најнеопходните барања без кои се не можат да опстанат. Тие бараат зголемување на коефициентот на сложеност за 0,30 проценти, греење во работните простории кое посочуваат дека го немаат од 20 јануари  годинава, соодветни услови за работа, бидејќи тврдат дека немаат заштитна опрема, како и нови вработувања за да опстои фирмата.

-Се додека не се изнајде решение за нашите барања ние вработените во одржување ќе бојкотираме, изјави Илиевски, појаснувајќи дека по 8 часот изутрината не се врши редовниот дневен преглед на локомотивите и патничките гарнитури. 

На  денешниот бојкот, како што вели, вчера му претходел двочасовен предупредувачки протест.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја потресе турската област Кахраманмараш

Следно

Шефот на одбраната на САД во ненајавена посета на Ирак: Тука сум за да го потврдам стратегиското партнерство

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop