Шефот на одбраната на САД во ненајавена посета на Ирак: Тука сум за да го потврдам стратегиското партнерство

March 7, 2023
1 min read

Остин, кој е највисокиот функционер во администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден што го посетил Ирак, беше последниот командант на американските сили во земјата по инвазијата

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска пристигна во ненајавена посета на Ирак со цел да покаже дека Соединетите Држави сè уште имаат намера да го одржат военото присуство во земјата, речиси 20 години откако го соборија Садам Хусеин, јавуваат светските агенции.

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Лојд Остин/Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Остин, кој е највисокиот функционер во администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден што го посетил Ирак, беше последниот командант на американските сили во земјата по инвазијата.

„Тука сум за да го потврдам стратегиското партнерство меѓу Соединетите Држави и Ирак додека се движиме кон побезбеден, стабилен и суверен Ирак“,

рече Остин.

САД во моментов имаат 2 500 војници во Ирак и дополнителни 900 во Сирија како поддршка на локалните трупи во борбата против „Исламска држава“, која зазеде делови од територијата во двете земји во 2014 година.

„Она што (Ирачаните) ќе го слушнат од него е посветеноста на одржување на присуството на нашите сили, но не станува збор само за воениот инструмент. САД се многу заинтересирани за стратегиско партнерство со владата на Ирак“,

изјавил во врска со посетата на Остоин висок американски претставник на одбраната кој сакал да остане анонимен.

За време на посетата на Ирак, американскиот министер за одбрана ќе се сретне со премиерот на Ирак, Мохамед Шиа Ал Судани, како и со претседателот на регионот Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани. Инаку, ирачката национална влада и регионалната курдска влада водат долготраен спор околу буџетските трансфери и поделбата на приходите од продажбата на нафта.

Инвазијата на Ирак од страна на САД се случи во 2003 година за време на мандатот на поранешниот претседател Џорџ В. Буш, а оправдувањето за неа беше дека земјата поседува оружје за масовно уништување, што подоцна се покажа како неточно, бидејќи такви резерви не беа откриени од американските и сојузничките сили.

Според проектот „Кост од вар“ (Cost of War) на Институтот за меѓународни студии на Универзитетот Браун во војната животите ги загубија помеѓу 185 000 и 208 000 ирачки цивили.

Остин, тогаш во својство на шеф на сите американски сили на Блискиот Исток, во 2011 година изјави дека САД ги постигнале своите воени цели во Ирак.

Сепак, за време администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, САД  три години подоцна испратија илјадници војници назад во Ирак и Сирија за да ја засилат борбата против „Исламска држава“.

Пензионираниот генерал на американскиот марински корпус Френк Мекензи, кој до минатата година ги предводеше американските сили на Блискиот Исток, рече дека патувањето на Остин ја покажува посветеноста на Вашингтон кон земјата по, како што рече, претходните грешки.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во Железници

Следно

Москва: Заземањето на Бахмут е неопходно за продолжување на руската офанзива во Украина

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop