Блинкен ја одложи посетата на Пекинг поради спорниот кинески балон над САД 

February 3, 2023
2 mins read

Кина претходно изјави дека балонот што лета над САД е всушност метеоролошки цепелин. Тие исто така изразија жалење што балонот залутал во американскиот воздушен простор

Инаку, посетата на Кина, Блинкен требаше да ја започне денеска

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја одложи посетата на Кина откако кинески балон беше забележан над Соединетите Американски Држави, потврди американски официјален претставник, пренесува „Ројтерс“.  

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен/Фото: Архива

Висок функционер на Стејт департментот изјавил дека условите во овој момент не се соодветни за првиот состанок на високо ниво меѓу САД и Кина во последните неколку години, наведува Би-би-си.

Инаку, посетата на Кина, Блинкен требаше да ја започне денеска. 

Кина претходно изјави дека балонот што лета над САД е всушност метеоролошки цепелин. Тие исто така изразија жалење што балонот залутал во американскиот воздушен простор. 

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека ќе продолжи да комуницира со Соединетите Американски Држави со цел правилно да дејствува во ваква неочекувана ситуација. 

„Цепелинот е од Кина и е од цивилна природа, а се користи за метеоролошки и други научни истражувања. Поради влијанието на западните ветрови и ограничените контролни способности, цепелинот отстапил од планираниот курс“,

беше соопштено од кинеското министерство за надворешни работи. 

 Во него се додава дека Кина жали што цепелинот по грешка залутал во САД, поради виша сила. 

Американските власти претходно соопштија дека кинески шпионски балон лета над САД веќе неколку дена. Стравувањата се дека балонот може да собере одредени разузнавачки податоци, иако Кина ги негира ваквите наводи.

САД и Канада следеа балон кој лета на голема височина над Северна Америка и чувствителни воени локации. Балонот прелета над Алеутските острови на Алјаска и низ Канада пред да се појави над градот Билингс, во американската сојузна држава Монтана. 

Пентагон вчера вечерта објави присуство на балон во воздушниот простор на САД, а канадската влада, пак, денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“. 

На барање на американскиот претседател Џо Бајден, Пентагон размислуваше за соборување на балонот, но беше оценето дека тоа ќе претставува ризик за луѓето на земја, изјави неименуван американски претставник.  

„Нема сомнеж дека балонот е од Кина“,

додаде тој. 

 Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, рече дека САД и Канада ја следат траекторијата на балонот. 

„Балонот моментално лета на височина далеку над комерцијалниот воздушен сообраќај. Тој не претставува воена или физичка закана за оние на земјата“,

се вели во соопштението. 

Канадското министерство за одбрана соопшти дека жителите на земјата се безбедни и дека се преземаат чекори за да го задржат воздушниот простор безбеден.  

„Канаѓаните се безбедни и Канада презема чекори за да го задржи воздушниот простор безбеден, вклучително и следење на потенцијален втор инцидент“, соопшти канадското министерство за одбрана, без да даде детали“,  

пренесува Бета повикувајќи се на АФП.

Канада не соопшти дали се сомнева дека балонот е од Кина. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хејтинга на клупата на Ајакс до крајот на сезоната

Следно

САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop