Блинкен и Гутереш разговараа за олеснување на хуманитарниот пристап во Сирија

February 15, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за олеснување на хуманитарниот пристап во Сирија по неодамнешните земјотреси, соопшти Стејт департментот, пренесува Анадолу.

„Двајцата официјални претставници разговараа за итната потреба да се олесни хуманитарниот пристап во Сирија за да можат ОН и хуманитарците да достават помош до погодените од земјотресот на 6 февруари“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој додаде дека секретарот Блинкен ја нагласил потребата режимот на Асад да ја исполни својата обврска, како што беше кажано пред ОН на 13 февруари, за отворање на граничните премини „Баб ал Салам“ и „Ал Раи“.

Блинкен истакна дека „проширената резолуција ќе им даде на ОН и на хуманитарните актери флексибилност и предвидливост што им се потребни за поефективно доставување помош на луѓето на кои им е потребна во Сирија“.

Во земјотресите што ги погодија Туркије и Сирија на 6 февруари загинаа повеќе од 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Во Кахраманмараш спасена 42-годишна жена 222 часа по земјотресот

Следно

Нема повеќе хартиени картички: Паркингот кај Градска болница доби надградба на системот

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop