БИНОШ, ФАЈНС, БАКАЛОВА МЕЃУ ПРЕЗЕНТЕРИТЕ НА ГАЛА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ ВО ЛУЦЕРН

December 6, 2024
1 min read

Европските филмски награди ќе бидат доделени по 37. пат, на гала церемонијата утревечер во Луцерн, Швајцарија. За реномираната награда номинирани се 79 кандидати во 22 категории, а на гала вечерта во прочуената сала Културен центар Луцерн крај Луцернското Езеро, дело на архитектот Жан Нувел, ќе присуствуваат над 1.000 гости. Македонската продуцентка Лабина Митевска ќе ја добие Меѓународната награда на Еуримаж за копродукција, а италијанската актерка Изабела Роселини и режисерот Вим Вендерс ќе ги добијат наградите за достигнување во светскиот филм и за животно дело.

Македонската продуцентка Лабина Митевска ќе ја добие Меѓународната награда на Еуримаж за копродукција. (Фото: СДК.МК)

Домаќин на церемонијата ќе биде швајцарскиот актер Фернандо Тиберини, а меѓу презентерите во различни категории се и бугарската актерка Марија Бакалова, актерката и претседателка на Европската филмска академја (ЕФА) Жилиет Бинош, актерите Реиф Фајнс, Јасмин Фини, Ирен Жакоб, Том Блајт, Ларс Ајдингер.

Изабела Роселини  ќе добиe награди за достигнување во светскиот филм. (Фото: ЕФА)

Филмовите „Соседната соба“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар и „Емилија Перез“ на францускиот режисер Жак Одијар водат со по четири номинации за годинашните Европски филмски награди што ги доделува ЕФА. „Соседната соба“ , прв филм на англиски јазик на Алмодовар, е годинешниот лауерат на Златниот лав во Венеција.

Вим Вендерс ќе добие наградите за животно дело. (Фото: ЕФА)

Според новите правила на ЕФА, од годинава во категоријата за најдобар европски филм влегуваат и документарци и анимирани филмови, а меѓу номинираните 15 се и „Супстанција “ на Корали Фарже, „Семето на светата смоква“ на Мохамад Расулоф и „Вермиљо“ од Маура Делперо.

За најдобар режисер номинирани се Андреа Арнолд за „Птица“, Одијар за „Емилија Перез“, Алмодовар за „Соседната соба“, Расулоф за „Семето на светата смоква“ и Делперо за „Вермиљо“.

За најдобра актерка се номинирани: Ренате Ренсве за „Арманд“ , Карла Софија Гаскон за „Емилија Перез“, Трине Диролм и Вик Кармен Соне за „Девојката со иглата“ и Тилда Свинтон за „Соседната соба“, а за актери Франц Роговски за „Птица“, Реиф Фајнс за „Конклава“, Ларс Ајдингер за „Умирајќи“, Даниел Крег за „Квир“и Абу Сангаре за „Приказната на Сулејман“.

За Европско откритие – Награда на ФИПРЕСЦИ номинирани се норвешкиот „Арманд“ на Халфдан Улман Тиндел, британскиот „Складиште“ на Луна Кармун, ирскиот „Колено“ на Рич Пепиат, британскиот „Сантош“ на Сандија Сури, романскиот „Годината што никогаш не дојде“ на Богдан Мурсеану и литванскиот „Токсично“ на Сауле Блиувате.

М. КОСТОВА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ССМ: На 20 декември ќе видиме дали цените на основните прехранбени производи навистина се намалени

Следно

МВР најавува санкции за оние кои продаваат пиротехнички средства

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop