Би-би-си: На албанските затвореници британската влада им плаќа 1 500 фунти за да се вратат дома

May 17, 2023
2 mins read

„Бевме посетени од офицер за имиграција. Тој нè праша дали сакаме да се вратиме во Албанија или да останеме во Британија. Тој објасни дека ако се вратиме ќе ни ја намали казната. Ми понудија и 1 500 фунти финансиска поддршка за да се вратам дома, според шемата за олеснето враќање“, вели за Би-би-си еден депортиран албански државјанин, кој сакал да остане анонимен

Албанските власти потврдија дека повеќето од нивните државјани кои оваа година биле принудно вратени дома од Обединетото Кралство биле осудени за кривично дело. Би-би-си пренесува дека во разговор со Албанците вратени во нивната земја дознале дека на некои затвореници им биле понудени 1 500 фунти за да се вратат дома.

„Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта која се наоѓа меѓу карпите од планините и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција е местото каде што слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи“,

се наведува во прилогот.

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство, од повеќе од 1 000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, преостанатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони.

На прашањето: „што прави неговата земја за да ги спречи депортираните да се вратат во Обединетото Кралство“, албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи вели: „не е можно да се стави чип секому за да следи каде оди“.

„Доколку има луѓе со криминално досие, особено за недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовност. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија“,

рекол тој.

Тој додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до Обединетото Кралство“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да се легализира престојот на сите Албанци кои работат во Велика Британија чесна работа и немаат криминално досие.

Само минатата година илегално на британска почва пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија. 

Еден депортиран албански државјанин, кој сакал да остане анонимен, за Би-би-си изјави дека одлежал шест години, но бил депортиран назад во Албанија откако одлежал само две години затвор.

„Бевме посетени од офицер за имиграција. Тој нè праша дали сакаме да се вратиме во Албанија или да останеме во Британија. Тој објасни дека ако се вратиме ќе ни ја намали казната. Ми понудија и 1 500 фунти финансиска поддршка за да се вратам дома, според шемата за олеснето враќање (ФРС)“,

рече тој.

Во документот на британската влада, како што пренесува Би-би-си, јасно се наведува дека шемата е „финансиски поттик“ што им се нуди на странските затвореници „под услов да соработуваат со депортацијата и да се откажат од своето право на жалба против тоа“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија ги замрзна сметките на финската амбасада и конзулат

Следно

Лозановска: Национален и стратешки интерес е да се слуша гласот на народот, а не гласот на Артан Груби

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop