Бербок во Хаг, ќе се разговара за тоа како Путин би можело да биде повикан на одговорност за војната во Украина

January 16, 2023
1 min read

Главниот обвинител Кан веќе ја истражува ситуацијата во Украина, со можна истрага за извршени дела како воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денеска ќе престојува во работна посета на Хаг каде, меѓу другото, ќе разговара и за начините како рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде повикан на одговорност за војната против Украина.

Според протоколот на посетата, предвидено е таа во Меѓународниот кривичен суд (МКС) уште утрово да се сретне со претседателот на Судот, Пјотр Хофмански, а потоа и со главниот обвинител, Карим Кан.

Бербок треба да зборува и на Хашката академија за меѓународно право, како дипломец на студии по меѓународно право без докторат во областа.

Во попладневните часови предвидени се одвоени средби со холандскиот премиер, Марк Руте, и нејзиниот колега, министерот за надворешни работи, Вопке Хоекстра.

МКС, со седиште во Хаг, беше создаден со таканаречениот Римски статут од 1998 година.

Главниот обвинител Кан веќе ја истражува ситуацијата во Украина, со можна истрага за извршени дела како воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Во случај агресијата да е наредена од страна на самиот Путин, тука Судот не може да преземе правни активности бидејќи Русија како држава не е страна во конфликтот. Токму поради тоа украинскиот претседател, Володимир Зеленски, од Генералното собрание на ОН во септември повика на формирање специјален трибунал.

Германскиот министер за правда, Марко Бушман, за агенцијата ДПА  изјави дека руската војна е очигледно нелегална, според меѓународното право, и оттаму би сакал да види уште поголема решителност кај обвинителството.

„Ако тоа е најбрзиот и најнаменскиот начин, мислам дека е сосема замисливо формирање специјален трибунал“,

истакна тој.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Целосно изгоре „опел“ на еден скопски булевар

Следно

НАТО најави уште тешко оружје за Украина, осуди на бомбардирањето станбена зграда во Дњепар

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop