Белата куќа за налогот за апсење на Путин: Русија да одговора за воените злосторства против човештвото во Украина

1 min read

Белата куќа излезе со коментар по повод налогот за апсење на Владимир Путин и уште едно руско официјално лице издаден денеска од Меѓународниот кривичен суд.

-Претседателот на САД, Џо Бајден претходно јасно стави до знаење дека САД работат на тоа Русија да одговора за своите ѕверства и воените злосторства против човештвото кои се извршуваат на територијата на Украина, изјави во врска со ова Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа.

-Имаме намера да продолжиме да ги помагаме меѓународните органи затоа што тие собираат докази и веќе започнаа со нивна анализа, рече тој.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(ВИДЕО) Со какви очекувања Борел отпатува за Охрид: Сите очи се вперени таму

Следно

Мицкоски и Попов остварија средба со европратеничката и претседател на Младината на ЕПП, Переира

Latest from Blog