Беџети: Груби да си поднесе оставка, сè што прави тој е личен протагонизам

February 22, 2023
2 mins read

Повеќе од две илјади жители на Сарај ги пречекаа високите партиски функционери на ДУИ, каде беа информирани за лошата состојба внатре во партијата, нула инвестиции од извршната власт на ДУИ на чело со Артан Груби.

Организаторот на собирот, првиот човек на огранокот на ДУИ Сарај, Исни Јакупи, рече дека го поканил раководството на ДУИ во Сарај да го изрази незадоволството на жителите за запоставувањето и незастапеноста на Сарај на кое било ниво на извршната власт. Секретарот за родова рамноправност на ДУИ, Саранда Имери Стафаи рече дека од почетокот на средбите пред два месеци, бројот на граѓаните на собири само расте, а од Артан Груби се уште нема отчет за недостигот на инвестиции во Полог и Сарај. Стафаи рече дека во моментов на земјава и треба македонската опозиција да гласа за уставните измени, а не да влегуваат нови партии во владата за да го спасат Артан Груби.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ, зошто има паралелни собири? И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред 3 години кога оваа извршна власт почна да го турне ДУИ во погрешен правец. Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ- силна и обединета, по штетите што му ги направи Артан Груби. Тој му најави на Груби да се откаже, бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ.

Членот на Претседателството Невзат Бејта рече дека не ја делат ДУИ, туку напротив ја обединуваат, затоа што таа е на секој гласач и на секој граѓанин, рече Бејта, додавајќи дека ДУИ била обединета до пред 3 години, кога дојде Груби и започна поделбата.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во републичкото Собрание Изет Меџити им порача на жителите на Сарај дека овој собир е Гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ. Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ.

-Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во владата во 2020 година без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството.

Меџити рече дека Артан Груби освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмет опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри.

Организацискиот секретар на ДУИ и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети рече дека извршната власт не мрда со процесот на децентрализација, тоа го отежнува развојот на албанските општини, а проектите се реализираат заедно со многу стопанственици од општината.

-Граѓанинот на Сарај не е застапен на ниту едно ниво, структурата на Сарај не е застапена ниту во министерства ниту во владата. Се што прави Артан Груби е личен протагонизам и побара од него да си поднесе оставка пред граѓаните и пред раководството на ДУИ, рече Беџети. Беџети рече дека ќе ја продолжат оваа битка додека не ја обединат ДУИ.

Високите функционери на ДУИ ќе ги продолжат средбите со граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кина: Ванг и Патрушев против враќање на „менталитетот“ на Студената војна

Следно

Мечка ги нападнала спасувачи кои трагаат по загубено девојче во БиХ

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop