Барселона остана без уште еден директор во раководните структури

May 17, 2023
1 min read

Шпанскиот великан Барселона во неделата официјално ја освои 27. титула во Примера со што ја комплетираше одличната сезона во која беше освоен и трофејот во Супер Купот на Шпанија.

Овие успеси треба да бидат почеток на една нова успешна ера на клубот, но по истите има сериозен потрес затоа што за кратко време заминување најавија три важни играчи. Првиот е оној на теренот, Серхио Бускетс кој одлучи дека е време за разделба со Барселона, додека останатите две имиња се „мозоците“, креаторите на овој шампионски тим на каталонците.

Прво беше потврдено заминувањето на „оперативецот“ Матеу Алемани, а сега на ист чекор се одлучи и Жорди Кројф. Кројф беше спортски директор, човек кој беше најблизок соработник на Алемани, поточно имаше значајна улога во остварување на доста трансфери.

Тој исто како и Алемани ќе помогне во наредниот период додека Барса обезбеди нови луѓе на испразнетите позиции, а еден од оние кој се најавува дека ќе пристигне е Деко

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Модриќ: Реал Мадрид се династија во Лигата на шампиони

Следно

Украина тврди дека ослободила 20 квадратни километри кај Бахмут

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:
Go toTop