Бајрами за ТВ 24: Села ќе ја носи 5 изборна листа, а јас најверојатно ќе бидам 4 единица во фронтот на ДУИ

1 min read

Наим Бајрами од Алијанса за Албанците од крилото на Села во емисијата 24 анализа рече дека биле искрени во намерите сами да излезат на овие избори. Алијанса од самото постоење покажа коалиционен капацитет. 

– Она што го видовме од тие соработки со партиите со кои коалициравме ни даде до знаење дека ние не може да веруваме на разни политички авантуристи кои политиката ја сметаат како ситуација да се добие нешто од власта. Ние станавме дел од власта на чело со тараварти, тој не беше против ДУИ и неговите луѓе се уште се на власт и не даваат оставки и уште се во фотелји. Ние ги разрешивме. Таравари имаше своја политичка агенда, а тоа беше да наштети на Алијансата за Албанците и му пречеше префиксот во името на партијата. Сакаше и да ги смени боите, но тоа беше отфрлено од Села. Таравари настојуваше да ја преземе партијата. На овие избори, Села ќе ја носи 5 изборна листа, а јас најверојатно ќе бидам 4 единица  во фронтот на ДУИ. – рече Бајрами.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Двајца министри од грчката Влада поднесоа оставки

Следно

Шестиот дел од „Пиратите од Карибите“ без Џони Деп

Latest from Blog