Светската унија на муслимански научници: Отпорот кон израелската окупација не е тероризам

April 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Генералниот секретар на Светската унија на муслимански научници Али Мохиедин ал-Карадаги изјави дека отпорот кон израелската окупација не е тероризам, јавува Анадолу.

Ал Карадаги во своето обраќање на 5-та конференција на Меѓупарламентарната платформа Ал Кудс во Истанбул го привлече вниманието на бруталните израелски напади врз Газа.

„Мораме гласно да кажеме дека отпорот кон окупацијата не е тероризам според небесните религии и според меѓународното право. Ова нека биде нашиот слоган, бидејќи непријателот и неговите соработници веруваат и сакаат да нѐ убедат дека е тероризам она што се случи на 7 октомври. “, рече Ал Карадаги.

Тој истакна дека палестинскиот народ, особено Палестинците во Газа, се целосно лишени од мирот и безбедноста.

„Ционистичките окупатори уништија сѐ во Газа“, додаде Ал-Карадаги, напоменувајќи дека Израел извршил масакр.

„Сите човечки вредности, меѓународни закони, меѓународни норми и цели врз кои се втемелени Обединетите нации (ОН) се целосно срушени“, изјави генералниот секретар на Светската унија на муслимански научници.

Прекршувајќи ја привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, каде според палестинските здравствени власти од 7 октомври досега загинати се најмалку 34.388 Палестинци, главно жени и деца, а 77.437 се повредени.

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Израелската офанзива принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи: По членството во СЕ, семејствата на исчезнатите можат да ја тужат Србија пред Судот за човекови права

Следно

Во Туркије отворен 25. Меѓународен фестивал на цвеќето

Latest from Blog

Ханси Флик отпиша тројца играчи на Барселона

Според шпанските медиуми, веќе е јасно кои играчи нема да бидат во плановите на тренерот на Барселона Ханси Флик за следната сезона, а списокот веројатно ќе биде уште поголем. На листата на

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД

И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција. Според објавата на Министерството за
Go toTop