Бахмут мора да биде задржан од украинските сили по секоја цена, вели Зеленски 

March 30, 2023
2 mins read

Бахмут, заедно со Авдијевка, Маринка и Лиман и натаму се главни цели на руско гранатирање, истакна украинската армија, додавајќи дека во последните 24 часа во областа биле одбиени вкупно 57 непријателски напади. Украинскиот претседател предупреди дека претседателот Владимир Путин ќе ја искористи победата на Русија во тој град како отскочна даска за собирање меѓународна поддршка за мировен договор што ќе ја принуди Украина да прифати болни компромиси

Украинските бранители ги одбија новите бранови руски напади врз Бахмут, објави вчера војската, додека претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Киев не може да си дозволи да ја загуби битката за овој град во регионот Донецк, кој стана фокус на долготрајната офанзива на руските сили во источниот дел на земјата. 

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во посета на Херсон/Фото: Архива

 „Непријателот го продолжи нападот врз градот Бахмут. Сепак, нашите бранители храбро го држат градот, одбивајќи бројни непријателски напади“,

изјавија од главниот штаб на вооружените сили на Украина. 

Бахмут, заедно со Авдијевка, Маринка и Лиман и натаму се главни цели на руско гранатирање, истакна украинската армија, додавајќи дека во последните 24 часа во областа биле одбиени вкупно 57 непријателски напади. 

Руските трупи изведоа 18 воздушни и три ракетни напади, како и 50 ракетни баражи по целата линија на фронтот во текот на претходниот ден, соопшти војската. 

Истовремено руските сили продолжија со гранатирање на регионот Херсон, изјави шефот на регионалната воена администрација, Олександар Прокудин. 

 „Во текот на изминатиот ден, непријателот 34 пати го гранатираше регионот – три пати самиот град Херсон“,

рече Прокудин на Телеграм, додавајќи дека во нападите едно лице е рането. 

Меѓу објектите кои биле цел на руските напади биле и станбени згради, болници и фабрика, наведе Прокудин. 

Во источниот регион на Харков, како што соопшти локалната полиција, еден маж загинал, а друг бил ранет во масовното руско гранатирање. 

 Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси вчера ја посети украинската нуклеарна централа во Запорожје и рече дека ги одложува плановите за безбедносна зона околу централата за да може да предложи специјални заштитни мерки прифатливи за Москва и за Киев. 

 Тој се залага за демилитаризирана зона во електраната, најголемиот нуклеарен објект во Европа, кој постојано е гранатиран. 

Гроси, кој ја посети централата по втор пат за помалку од седум месеци, им рече на руските новинари дека ситуацијата не се подобрува. 

Шефот на МААЕ не ги прецизираше конкретните безбедносни мерки кои би можеле да се предложат. 

 Во февруари Русија соопшти дека е блиску до завршување на изградбата на заштитни структури за клучните делови на Запорожје, вклучително и оние за складирање на радиоактивни материјали. 

Во понеделникот Гроси се сретна со претседателот Зеленски за време на работната посета на регионот Запорожје. 

Во меѓувреме, Зеленски повтори дека Украина мора да го задржи Бахмут по секоја цена, предупредувајќи дека претседателот Владимир Путин ќе ја искористи победата на Русија во тој град како отскочна даска за собирање меѓународна поддршка за мировен договор што ќе ја принуди Украина да прифати болни компромиси. 

„Путин би ја продал оваа победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран“,

изјави Зеленски во интервју за агенцијата Асошиејтед прес објавено вчера. 

 Украинските воени команданти најавија контраофанзива за која велат дека треба да се случи во скоро време, додека во меѓувреме силите на земјата се обидуваат да ја задржат контролата врз Бахмут. 

 Украинската војска во вторникот објави дека неодамна добила опрема од западните земји, меѓу која и германски тенкови Леопард 2. 

Во вторникот оваа недела Зеленски рече дека светот мора да дејствува побрзо  за да ја запре руската агресија. 

Тој рече оти верува дека „руската агресија може да заврши многу побрзо“ отколку што мислат некои. 

„Ќе заврши побрзо ако светот е побрз, ако светот е порешителен“,

рече украинскиот претседател. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Оливие Жиру ќе го продолжи договорот со Милан

Следно

Чарлс Трети: Обединетото Кралство и Германија стојат покрај Украина во одбрана на нејзината слобода од руската агресија

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop