Оливие Жиру ќе го продолжи договорот со Милан

1 min read

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру се согласи да ја продолжи соработката со актуелниот италијански шампион Милан.

Жиру е на „Сан Сиро“ од 2021 година и во овој изминат период е доста важен играч за екипата и поради тоа Милан не сакаше да го загуби, па седна на маса со агентите на ветеранот и успеа да договори да остане во сегашната средина најмалку до јуни 2024 година.

Ова е информацијата која ја сподели новинарот Џанлука Ди Марцио, информација според која Жиру ќе заработува по 3,8 милиони евра плус бонуси.

Се очекува Французинот да стави потпос на новиот договор пред четвртфиналната битка со Наполи во ЛШ.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Блинкен со остра порака за Додик: Тој се наоѓа на авторитарниот пат на Путин

Следно

Бахмут мора да биде задржан од украинските сили по секоја цена, вели Зеленски 

Latest from Blog