Баена се појави пред камерите со последиците од ударот на Валверде (ВИДЕО)

April 9, 2023
1 min read

Пресметката меѓу Реал Мадрид и Вилјареал донесе многу возбудувања на теренот и победа за гостите во натпревар со пет гола, но и голем инцидент по завршувањето на средбата.

Феде Валверде решил да ги „израмни сметките“ со Алекс Баена и му удрил тупаница во подтрибинскиот простор, а како причина се наведени провокациите на играчот на Вилјареал на сметка на семејството на Уругваецот, на последните две соочувања на овие екипи.

Камерата на „Ел Чирингито“ го улови Баена при влегувањето во автобусот и на левата страна на неговото лице се гледа модринка како сведоштво за ударот кој го добил од Валверде.

Баена се обрати преку социјалните мрежи и тврди дека никогаш не го провоцирал фудбалерот на Реал.

– Среќен сум поради импресивната победа, но и тажен поради нападот на кој бев изложен по средбата. Изненаден сум од она што се зборува за мене, никогаш не сум рекол такви работи, – напишал Баена.

Уругвајската ѕвезда го удрил директно во лице Алекс Баена, а пресметката пред автобусот ја потврдил и портпаролот на Валверде кој за „Марка“ открил дека ова било резултат на ниската провокација која противникот ја испратил за време на мечот, но и на претходниот дуел во Копа дел Реј.

– Ова датира од натпреварот во Копа дел Реј, Баена го удри Феде и му се обрати со следните зборови: Плачи сега, твојот син нема да дочека да биде роден! Тоа остана на теренот, но овојпат му кажал нешто слично на Феде и овој решил да го сочека пред автобусот. Јасно му ставил до знаење дека не смее да го меша семејството и се случило тоа што се случило, – изјавил портпаролот за „Марка“, кој автоматски го потврдил инцидентот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) По големиот пожар во Хамбург, издадено предупредување за отровен чад

Следно

Најмалку 44 убиени во двоен терористички напад во Буркина Фасо

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop