Најмалку 44 убиени во двоен терористички напад во Буркина Фасо

April 9, 2023
1 min read

КИГАЛИ (АА) – Најмалку 44 лица се убиени во два одвоени терористички напади во регионот Сахел во северниот дел на африканската држава Буркина Фасо, известува Анадолу.

„Нападите се извршени во доцните вечерни часови во селата Кураку и Тондоби, што се наоѓаат на околу 5 километри од комуната Сејтенга во провинцијата Сено“, изјави гувернерот на регионот Сахел, поручник Родолф Сорго.

Тој рече дека во Кураку се убиени 31 лице, а во Тондоби 13 и дека тоа најверојатно не е конечниот биланс на настраданите, имајќи предвид дека повеќе лица се потешко ранети.

Поручникот Сорго порача дека одбранбените и безбедносните сили се на терен и работат на воспоставување на редот и стабилноста.

Буркина Фасо со децении е сцена на бунтови што се прелија од соседен Мали. Дејствуваат повеќе теористички групи поврзани со Ал Каеда и ДЕАШ.

Само минатата година во Буркина Фасо во терористички напади се убиени 1.135 лица, што е за 50 % повеќе во однос на претходната година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баена се појави пред камерите со последиците од ударот на Валверде (ВИДЕО)

Следно

И покрај руската инвазија, Зеленски сè уште смета дека Украина ќе стане дел од НАТО

Latest from Blog

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски
Go toTop