Автобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе возат по неделен возен ред

1 min read

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, утре, на денот на изборите, ќе возат по неделен возен ред, информираат од претпријатието.

Граѓаните кои ќе имаат потреба во текот на утрешниот ден да ги надополнат картичките за јавен превоз, тоа ќе можат да го направат само на билетарницата кај Транспортен центар и во таа во Ѓорче Петров. Овие билетарници ќе работат од 7 до 14 часот.

Oд ЈСП „Скопје“ информираат дека во текот на утрешниот ден жичницата на Водно нема да работи.

Извор: alsat.mk

Претходно

Ако сакате да одите во Венеција, ќе мора да платите влезница- еве колку ќе чини

Следно

Долгоодложуваниот нацрт-закон за помош на Украина на гласање во aмериканскиот Сенат

Latest from Blog