Ако сакате да одите во Венеција, ќе мора да платите влезница- еве колку ќе чини

1 min read

Градското собрание на Венеција во ноември минатата година соопшти дека за 29 дена во 2024 година, поради масовен туризам, ќе применува целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден.

Таксата ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14).

Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти.

-Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму, велат властите.

Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Извор: kurir.mk

Претходно

ИМААТ ПО ТРИ ПЕНЗИИ: Лепа Лукиќ и Миле Китиќ заработуваат брдо пари, особено пејачката ја откри сумата – од бројката ќе ви се заврти во умот!

Следно

Автобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе возат по неделен возен ред

Latest from Blog