Артета: Да победевме, ќе бевме во поинаква позиција!

January 18, 2026
1 min read

Микел Артета рече дека Нотингем Форест го спречил Арсенал да доминира во играта, бидејќи двата тима ремизираа 0-0 во 22-то коло од англиската Премиер-лига. Тоа беше втор нерешен резултат без голови за Лондончани од почетокот на астрономската година, откако го сторија истото против шампионот Ливерпул. Сепак, „топџиите“ остануваат убедливи лидери на Островот.

„Секако дека дојдовме тука за да победиме, но од различни причини не ја добивме. Мораме да им го дадеме заслуженото на нашите противници. Тие се извонредно организирани и навистина добри во нарушување на вашиот ритам кога ќе почнете да доминирате.

Но, вистината е дека создадовме четири шанси, не сметајќи го чистиот пенал што не беше досуден. Не примивме ниту еден удар кон голот, но не можевме да победиме и тоа е разочарувачки. Исто така, мислам дека можеме да играме подобро, особено во одредени области на нападот.

Да победевме, ќе бевме во поинаква позиција, но направивме чекор напред – мал, не толку колку што сакавме, но сепак чекор“, рече Артета.

Интересен факт е дека пред три години, кога Арсенал повторно беше вклучен во борбата за титулата и го држеше првото место повеќе од 300 дена, конечно ги загубија теоретските шанси за круната откако не успеаја да го победат Нотингем Форест во претпоследното коло од сезоната 2022/2023. Тогаш момците на Артета загубија со 0:1.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 200.000 потрошувачи во Запорожје останаа без електрична енергија по нападот со украински дрон

Latest from Blog

Повеќе од 200.000 потрошувачи во Запорожје останаа без електрична енергија по нападот со украински дрон

Повеќе од 200.000 потрошувачи во регионот Запорожје денес се без електрична енергија по нападот со украински беспилотни летала, објави регионалниот гувернер Евгениј Балицки. Во изјава објавена на каналот Телеграм, Балицки рече дека

Премиерот очекува едноцифрен процент на невработеност

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со  Реформската агенда. Бројот на невработени,  како што рече денеска во одговор

Пронајдени остатоци од исчезнатиот авион во Индонезија – потрагата по патниците сè уште е во тек

Индонезиските власти денеска потврдија дека се лоцирани остатоците од надзорниот авион кој исчезна вчера со 11 лица. Потрагата по патниците и екипажот во планинскиот регион на провинцијата Јужен Сулавеси и понатаму е

Стојаноски: Филипче и Заев преку институции под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др. Митрев на гостување во емисија на национална телевизија обвини за груба злоупотреба на власта, од страна на Венко Филипче и
Go toTop