Арсовска го честиташе Бадник: Да работиме оваа година да биде подобра од минатата

January 6, 2023
1 min read

Пораки за добро здравје, благосостојба, среќа и душевен мир во новата година беа упатени на денешната манифестацијата по повод денот пред христовото раѓање Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Пред присутните, свое обраќање имаа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, здравичарот Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски и кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски.

Градоначалничката Арсовска со честитка до православните христијани и порака да го дочекаме денот на христовото раѓање – Божик во кругот на најблиското семејство.

– Да ви посакам на сите вас да бидете среќни, весели, да имате добро зравје, да се сакате меѓусебно, да работиме на тоа оваа година да биде подобра од минатата, да ги надминеме сите предизвици кои ги имавме претходната година. Денес како што е убав и сончев денот така да не послужи и таква да ни биде целата година. Добро здравје, среќа, благосостојба и многу љубов во 2023 година, рече Арсовска.

Градоначалникот Герасимовски нагласи дека денешниот празник Бадник и утрешниот Божик се празници кои не зближуваат со нашето најголемо богатство – нашите семејства, роднини и пријатели. Тој на присутните им посака убави празнични денови, да ги одбележат во љубов, спокој, благосостојба и во себе да го пронајдат душевниот мир.

Здравичарот Стефков порача годинава на сите да им донесе бериќет, помалку грижи и пред се добро здравје. На земјоделците им посака убав род и полни амбари, буриња со вино, на рибарите крупен улов на нашите реки и езера, на ловџиите многу дивеч, на студентите и учениците убави високи оценки и на нашата држава успех на сите полиња.

Бадникарскиот кум за 2023 Мојсовски се осврна на почетоците на бадникарскиот одбор Бадникари.

– Како вчера да беше кога пред точно 30 години за првпат го почувствуваме гостопримството на светите лица во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Добивме претходно благослов од г.г. Михаил кој ни го даде името Бадникари. Беше малку порано отколку што е сега и пред објектот имаше многу малку луѓе за ралзика од сега. Нашата приказна е мошне долга и интересна. Дозволете на сите да ви ја честитам новата година и да ви посакам се што е лошо да остане зад вас, поминете ги добро празничните денови, порача Мојсовски, по што следеше примопредавањето на бадникарскиот ќуп.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фудбалскиот свет повторно завиен во црно: Почина Џанлука Виали

Следно

Фудбалскиот свет го загуби Џанлука Виали

Latest from Blog

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…
Go toTop