Апсења во Гази Баба, Центар и Карпош поради дрога

February 13, 2023
1 min read

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден привеле дури шест лица на територијата на град Скопје.

Најпрво во 11.15 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана

Потоа во 12.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Следниот случај е регистриран во 15.00 часот на подрачјето на Центар, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така, во 15.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(24) од струмичко, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Во 20.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Последниот случај е регистриран во 23.50 часот на подрачјето на Карпош, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Во Антакија спасена жена, 176 часа по земјотресот

Следно

Сега и Кина тврди дека американски балони го прелетувале нејзиниот воздушен простор

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop