Антикорупциска акција во Албанија: Уапсен градоначалникот од партијата на Рама

March 16, 2023
1 min read

По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, синоќа приведен е градоначалникот на албанскиот град Булќиза, Лефтер Ала.

Градоначалникот Ала е уапсен од страна на државната полиција, затоа што се товари за две обвиненија – корупција и за злоупотреба на јавни тендери, наведува „Коха јон“

Според „Топ Чанел“, приведени се и неколку други лица, сите вработени во општинската администрација, кои биле членови на комисијата за спроведување на тендерски постапки.

Неговото апсење се случува на два месеца пред локалните избори, на кои не криеше дека од жителите на оваа општина ќе ја бара довербата повторно.

На последните избори беше избран како кандидат на владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

Инаку, Булќиза е познато рударско гратче во близина на албанско-македонската граница, лоцирано на дваесеттина километри од Дебар.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Студентите и средношколците утре го искажуваат револтот на улица, обвинуваат дека институциите немаат слух за нивните барања!

Следно

Украден дел од споменикот на Орце Николов во Градскиот парк

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop