Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

Скопје и регионот зафатени со силно невреме – силни врнежи од дожд и засилен ветер

Скопје и скопскиот регион вечерва се зафатени со силно невреме, односно силни врнежи и грмежи, како и засилен ветер од западен правец, соопштија од УХМР. Невреме има и во кумановско-кратовскиот регион. Претходно

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

„Европа не е само некаков симбол, туку реална можност за подобар живот, но власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада“, порача заменик-претседателката на СДСМ,

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам во Кочани

Премиерот Мицкоски најави посета на Кочани, откако родителите на децата кои ги загубија животите ја одбија неговата покана за средба во Владата.  По нивната порака дека поканата е задоцнета и дека дел

Њукасл го победи Челси во директен дуел за Лигата на шампионите и се искачи на третото место на табелата

Фудбалерите на Њукасл го победија Челси во дербито од 36-то коло од англиската Премиер лига во директен дуел за место во Лигата на шампионите, а конечниот резултат беше 2:0. Њукасл го отвори

40 години чекање, да не се случи! Кичевци се изненадени од одлуката на Владата за болницата

„Вака изгледа новата болница во Кичево одвнатре, која, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, нема да се гради бидејќи би било поевтино да се изгради нова на друга локација. Како што можете
Go toTop